Постојат неколку начини да го направите тоа, користејќи ги овие мали трикови
На многу жени им се случило веднаш да мора да го отстранат лакот, а во тој момент да немаат ни капка ацетон во домот.
Дезодоранс во спреј – напрскајте малку и брзо, додека ноктот е уште влажен, отстранете го лакот со памук. Обратниот процес, ставањето дезодоранс на памук, нема да ги даде посакуваните резултати, ниту пак дезодорансите на природна основа.
Лак за коса – постапката е иста како кај дезодорансот, само што не користите памук, туку крпа, бидејќи лакот се лепи за памукот.
Парфем – постапката е иста, но важно е да користите парфем, а не тоалетна вода.
Нов слој лак – нанесете нов, дебел слој лак и тоалетна хартија – цврсто притиснете со хартијата и избришете. Новиот слој се врзува за стариот и го лупи.