Кога прифаќаме одреден начин на подготовка на храната, тогаш тешко е да ги промениме нашите навики.
Ова особено се однесува на вообичаените дејствија како… варење јајца.
Затоа и не е чудно што ставовите на познатата американска готвачка Мери Френсис Кенеди Фишер веќе осум децении предизвикуваат илјадници различни коментари.
Инаку, Мери почина во 1992 година, но нејзините книги и денес предизвикуваат голем интерес.
Така, издавачите неодамна подготвија реиздание на нејзината книга „How To Cook A Wolf“ од 1942 година, во која Фишер зборува за методите што ги користиме при готвењето јајца и зошто тие не се вистинските.
Таа смета дека изразот „варење јајца“ е неточен, а тајната на успешното подготвување на ова јадење лежи во тоа што јајцата всушност не се варат. Мери објаснува дека кога ќе ставите јајце во врела вода, жолчката останува сирова, а белката веднаш се вари. Целта е да се сварат сите состојки на јајцата во исто време и на ист начин.
Затоа таа нуди две алтернативи за кои верува дека постигнуваат подобри резултати.
За да не пука лушпата, предлага прво јајцето да го прелиете со ладна вода, па дури потоа да го ставите во врела вода. Оставете го на тивко онолку долго колку што сакате, а Фишер забележува дека ќе се готви исто толку брзо како и зовриената вода, но ќе биде подобро сварено.
За вториот метод предлага јајцето да го потопите во ладна вода во мало тенџере кое брзо го загревате и штом водата зоврие јајцето е готово и подготвено за консумација. Подоцна признала дека има и недостаток, бидејќи е потешко да се исчисти лушпата од јајцето ако ги користите нејзините методи.
Изненадувачки или не, нејзините предлози предизвикаа вистинска војна на коментари – некои тврдат дека нејзините совети им ги отвориле очите, додека други се убедени дека ова е целосна глупост.
Се издвојуваат оние кои иронично коментираат дека не е потребно некој да ги учи како се варат јајца…