Кога ќе ги погледнете сликите на вашата мајка или баба од осумдесеттите, ќе забележите дека нивната коса била многу бујна и полна со волумен.
Во тој период, силниот волумен беше водечки тренд, па повеќето жени користеа разни препарати и третмани за да го постигнат.
Многу едноставен трик кој во тоа време беше масовно користен, а го забележа млада тиктокерка која го води профилот „Act and acre“.
Нејзиниот профил главно се занимава со производи и трикови за убавина и нега на коса.
Во едно видео таа покажа трикот што го користеа нашите мајки и баби. Погледнете во видеото:
@actandacre brb doing this everyday for instantly voluminous hair 💁🏼♀️ #actandacre #hairhack #fyp #hairvolumehack #instantvolume #weirdhacks #hairtok #hairstylist
Значи, треба да ја зграпчите косата на скалпот со четка и малку да ја подигнете. Потоа насочете го фенот кон неа и оставете го да дува топол воздух 5 до 8 секунди.
После тоа, вклучете го за да дува ладен воздух, 3 до 5 секунди. На крајот, само исчешлајте ја косата.
Едноставно, нели?