Официјално започна сезоната кога домаќинствата низ нашата земја мирисаат на зима. Вредните домаќинки веќе ги оставаат првите тегли за зимница и се подготвуваат да направат сок од домати што ќе го пијат и користат во текот на зимата.
При подготовка на сок од домати потребно е да се излупи, а познато е дека тоа воопшто не е лесна работа.
Затоа за вас подготвивме трик вреден злато, кој ќе ви помогне да ги излупите доматите за кратко време.
Сè што треба да направите е прво добро да ги измиете доматите. На долната страна од доматот, во средината, направете крст со нож.
Во тава сипете топла вода, ставете ја на шпорет и кога ќе зоврие, спуштете ги доматите и оставете ги да отстојат 30 секунди.
За тоа време, истурете ладна вода во голем сад и додадете многу мраз.
Извадете ги доматите од зовриената вода, па веднаш ставете ги во студената вода и оставете ги 30 секунди.
Кога ќе го земете доматот во раце, ќе забележите дека веќе почнал сам да се лупи, па само повлечете ја кората и ќе се откачи без мака.