Откако ќе помине тинејџерската љубов, доаѓа фаза кога знаеме што сакаме од партнерот и се раѓаат нови, поцврсти љубови. Но, дали некогаш сте помислиле дека со влегувањето во сериозна врска станувате „еден од оние парови“ и што всушност значи тоа?
1. Се повеќе велат „ние“.
Ние би сакале да одиме…, јас и Марко сакаме… или не ни е проблем, ова се само дел од изјавите на таквите парови.
Сите парови го прават тоа, но кога тоа ќе стане правило и двајцата во врската ќе го изгубат своето „јас“, тогаш тоа може да биде доста иритирачко, но и опасно за нивниот идентитет.
2. Мислат дека секој состанок е резервиран за парови
Во „тие врски“ љубовниците забораваат дека постојат средби и само со пријателките или само со другарите.
3. Ги користат социјалните мрежи за да ја докажат својата љубов
Објави од типот „Те сакааааам!“ или пак „Уште малку и ќе се видимеее“, би требало да бидат резервирани за пораки и комуникација само помеѓу две лица.
Љубовта нека биде само ваша, а не сечија!