Три знаци покажуваат дека веќе не работи како што треба: Вака ќе знаете дека пеглата за коса е дотраена

popara7 јуни, 20221min00
pegla-kosa

Колку пати и да ги испеглате прамените од косата, таа сепак не е исправена

Иако мислевте дека многу предмети за домаќинството може да траат долго, точно е дека по некое време и тие почнуваат да се расипуваат, па треба навреме да ги оставиме настрана и да најдеме нови.

Така е и со пеглата за коса, која може само да ја уништи косата ако продолжиме да ја користиме, иако нејзиниот квалитет е намален.

Повеќето луѓе немаат поим за фактот дека деновите со нивните сигурни алатки за стилизирање на косата се ограничени, но за жал, многу е важно ова да се земе во предвид.

Доколку не го направите тоа и продолжите да ја користите пеглата откако ќе поминат нејзините најдобри години, може сериозно да ја оштетите косата и да биде загрозен не само целокупниот изглед на вашата коса, туку и здравјето на вашата коса. За жал, нема фиксно време кога треба да ја фрлите пеглата за коса, но има неколку работи кои откриваат дека пеглата повеќе не работи како што треба, па најдобро би било да си набавите нова.

Еден од очигледните знаци е дека плочките на пеглата се изгребани или оштетени на кој било начин. Фризерот Фабио Скалиа објасни дека оштетените плочки може да ја изложат вашата коса на екстремна топлина, па може да изгори, да се скрши и да ги отстрани природните масла од вашата коса – ова дефинитивно не е она што го сакате кога се обидувате да направите убава фризура.

Некои продавачи всушност нудат замена на плочките, што е поевтино од купување на нов пегла за коса.

Ако сте провериле и се е во ред со плочките на пеглата, тогаш проверете го индикаторското светло за топлина, бидејќи тоа е уште еден знак дека вашата пегла е дотраена.

– Индикаторот ќе ви каже кога е време да ја замените пеглата за коса. Ако светилката често трепка додека е во употреба, вашата пегла престанува да ја задржува топлината, се ближи до крајот на својот животен век – објасни Фабио.

Уште еден јасен знак дека е време да се фрли пеглата е ако праменот неколку пати го поминувате со пеглата, а сепак не е исправен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag