Помалку е познато дека на просечниот маж му пречи вниманието што го добива, а уште помалку дека му пречи затоа што поради тоа се чувствува запоставен.
И мажите имаат проблем со љубомората
Вистина е дека жените се повеќе склони кон изразување љубомора, но тоа не значи дека мажите немаат проблем со тоа.
Љубомората е типично женско „нарушување“, нели? Така барем може да изгледа на неинформиран набљудувач навикнат на женски љубоморни испади. Точно е дека жените се повеќе склони кон изразување љубомора, но тоа не значи дека мажите немаат проблем со тоа. Едноставно знаат добро да го сокријат, а еве што најмногу им пречи:
Машки пријатели
Колку и да тврдат дека не им пречи, на повеќето мажи едноставно не им се допаѓа кога премногу се дружат со машки пријатели. Не е дека не им веруваат на жените – не им веруваат на машките пријатели, барем така ќе кажат.
Поранешни партнери
Особено ако имаме нешто убаво да кажеме за нив. Иако сегашниот дечко обично нема причина да се грижи за поранешното момче, љубомората е едноставно посилна од него.
Внимание на социјалните мрежи
Одамна е познато дека просечната жена добива многу повеќе лајкови и коментари на обична слика од просечниот маж. Помалку е познато дека на просечниот маж му пречи вниманието што го добива, а уште помалку дека му пречи затоа што поради тоа се чувствува запоставен.