Добро ќе размисли пред да започне посериозна врска
Мажот нема туку така да влезе во врска, а камоли во брак.
Иако обично се смета дека жените се пребирливи, мажите не се исклучок.
Тие ќе обрнат големо внимание на тоа дали ги имате овие три работи пред да започнат врска со вас.
Емоционалност
Првото нешто што мажот го доживува се емоциите, односно чувството дека е заљубен. Сè започнува со пеперутките во стомакот, како и посилното чукање на срцето, чувството дека сме на седмо небо. Кога овие чувства се појавуваат кај мажот, тој продолжува да ја гради врската. Меѓутоа, покрај заљубувањето, важни се уште два фактори пред да сфати дека ја запознал вистинската личност за себе.
Рационалност
Моментот на донесување одлука припаѓа на полето на рационалноста. Мажот се прашува: „Што ќе ми донесе тоа?“. Ако врската со жената носи пријатни емоции, стабилност, има простор за развој и убав живот исполнет со љубов и почит, тогаш одговорот е да. Покрај заљубеноста, пред да ги проценат големите чекори во врската, мажите го вклучуваат и разумот и размислуваат за предностите и недостатоците на врската.
Исто така, кога е во прашање рационалноста, на мажот ќе му биде важно личноста со која сака да го помине животот да има слично ниво на интелигенција, слични интереси и да има теми за разговор, но и можности за меѓусебно подобрување.
Квалитет на односот
Дури и да се исполнат првите две компоненти, третата може да биде пресудна, а таа подразбира – Дали оваа врска ќе ми го поедностави или искомплицира животот? Ако мажот сфати дека троши премногу енергија со оваа жена на игри, манипулации, тактики, наместо да напредуваат заедно и да градат заеднички живот, ќе сака да си најде друга личност за себе. Кога ќе одлучи да живее заедно, да се ожени и да има семејство, мажот ќе го види својот најдобар пријател и придружник во жена која со него ги создава нивните заеднички амбиции, соништа и цели. Во врската секогаш треба да има двајца, ова важи подеднакво и за жените и за мажите.
Да заклучиме, ако мажот има љубов кон жената, ако мажот добива повеќе отколку што губи со неа, и ако врската со неа вклучува заедничко вложување енергија во исполнувањето на соништата и целите, тогаш жената станува вистинската љубов со која тој сака да го помине животот. Ја разликува од сите други жени, таа му е сродна душа.