Астрологијата открива кои хороскопски знаци често немаат среќа во љубовта.
Сите знаеме луѓе на кои не им поаѓа од рака да остварат долга и среќна врска. Можеби имаат преголеми очекувања, можеби ги привлекуваат погрешни луѓе или едноставно се емоционално недостапни. Овие хороскопски знаци се сметаат за најмалку среќни во љубовта.
Риби
Рибите го гледаат светот низ розови очила. Го идеализираат партнерот, па се разочаруваат кога ќе сфатат дека тој, како и секој друг човек од крв и месо, има свои мани.
Имаат нереални желби и барања кои е невозможно да се исполнат, поради што многу од нивните врски се осудени на пропаст уште од самиот почеток. Освен тоа, од сите знаци најмногу се склони кон тајни врски кои не можат да им донесат среќа.
Рак
Луѓето родени во знакот Рак се чувствителни, топли и грижливи, но и доста напорни. Кога сакаат некого, даваат се од себе.
Лесно се губат себе во врската, а поради желбата да и угодат на саканата личност, во втор план ги ставаат сопствените потреби. Поради ова, како и фактот што со текот на времето партнерот почнува да ги зема здраво за готово, тие лесно стануваат несреќни во врската.
Јарец
Јарците се најстудениот знак, па тешко е да ги замислите во романтично расположение. Сепак, студенилото е само маска што ја користат за да се заштитат од разочарување. Многу им е тешко да се опуштат и да се отворат пред друга личност бидејќи од луѓето секогаш го очекуваат најлошото, а поради стравот од интимност често се сами и несреќни.
Иако на почетокот не би го кажале тоа за нив, тие се способни да сакаат длабоко и да страдаат поради љубовната загуба, пишува „Index.hr“.