УБАВА ЖЕНО, ИЗГЛЕДАШ КАКО БАРБИКА КОЈА ИЗБЕГАЛА ОД КУТИЈАТА! Хајди Клум го одзема здивот во петтата деценија од животот (ФОТО)

popara19 август, 20221min00
Screenshot_8

Германската манекенка Хајди Клум (49) не престанува да не изненадува со својата убавина, иако веќе на големо е во петтата деценија од животот.

 

 

Веќе навикнавме на беспрекорниот стил на Хајди, а овој пат таа нѐ воодушеви со монохроматски аутфит.

 

Манекенката која се мажеше три пати, се одлучи за розови панталони и сако, а додаде и кошула во иста боја. Иако многумина мислат дека монохроматските комбинации лесно се комбинираат, не било лесно да се комбинираат сите бои за да изгледаат совршено.

 

Хајди избрала и розова чанта која е за неколку нијанси потемна од останатиот аутфит, па поради тоа била ефективна.

 

Многумина коментираа дека Хајди во оваа верзија на Барби изгледа како жива кукла поради нејзината руса коса.

 

– Убава жено, изгледаш како барбика која избегала од кутијата – напишал еден маж.

Фановите веќе се навикнати Хајди да ги изненадува со своите жешки фотографии на Инстаграм, па ние ќе продолжиме да уживаме во шармот на русокосата убавица, на која времето ништо не ѝ може.