УБИЕН познатиот рапер: Застрелан во куглана, колегите и пријателите во шок(ВИДЕО)

popara1 ноември, 20221min00
Snimak-ekrana-2022-11-01-133923

Раперот бил застрелан во куглана во Хјустон

Почина Тејкоф, член на групата „Migos“ со раперите Куаво и Офсет, пренесува „TMZ“. 28-годишниот рапер, со вистинско име Киршник Кхари Бол, бил смртно застрелан во куглана во Хјустон.

Според „ТМZ“, извори од органите за спроведување на законот и повеќе сведоци известуваат дека фаталниот инцидент се случил нешто по 2:30 часот по полноќ.

Според извештаите, се испоставило дека мажот е 28-годишниот Тејкоф, кој бил смртно повреден и починал од прострелни рани.

Според извештаите, раперот бил убиен во пукање што избувнало поради игра.

На социјалните мрежи пријателите и почитувачите на музиката на овој бенд му оддаваат почит на трагично загинатиот рапер.

– Се сеќавам дека Тејкоф беше многу приземен, кул тип – напиша боксерот Крис Јубенк Џуниор.

„Не можам да верувам дека морам да го кажам ова повторно за уште една млада црна ѕвезда која е убиена без причина, нешто навистина треба да се промени во индустријата“.

 

Screenshot 2022-11-01 145956
Screenshot 2022-11-01 150013
Screenshot 2022-11-01 150028

Тејкоф е роден во Лоренсвил, Џорџија во 1994 година. Почна да рапува со Куаво и Офсет, неговиот вујко и братучед, во 2008 година под заедничкото име Поло клуб. Во 2011 година, триото го објави „Juug Season“, нивниот деби микс како Мигос.

Во 2013 година, Мигос ја објави песната „Версаче“, која стана нивниот прв мејнстрим хит.

Мигос се најпознати по нивната соработка со Лил Узи Верт во 2016 година „Bad and Boujee“, која го достигна врвот кога стана број 1 во Америка, како и по топ 10 хитовите „MotorSport“, со Ники Минаж и Карди Б, и „Walk It Talk It“, со Дрејк. Како соло изведувач, Тејкоф објави еден албум – „The Last Rocket“ во 2018 година, кој дебитираше и се најде на 4-то место во САД.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma