Нутриционистката Наташа Ѓукиќ открива што треба да јадете ако сакате да се ослободите од надуеноста
Многу луѓе имаат проблем со задржување на водата во телото, што предизвикува отоци, не само на желудникот, туку и на рацете и нозете.
Постојат многу причини за задржување на водата, од прекумерна тежина, нискокалорични диети, високи температури или како резултат на некоја здравствена состојба.
Сепак, постои начин да се ублажи или реши овој проблем, а го нуди една нутриционистка:
– Одредени намирници можат да ви помогнат за кратко време да се ослободите од вишокот вода од телото, а со тоа да започнете со процесот на губење на вишокот килограми – вели нутриционистката Наташа Ѓукиќ и открива за кои намирници станува збор:
– краставица
– магдонос
– лимон
– брусница
– банани
– целер
– ѓумбир
– морков