Удобност пред се: Салма Хаек гламурозниот изглед и високите потпетици ги замени со тренерки и плетенки

popara10 април, 20221min00
selma-hajek-21-830x0

Салма Хајек најчесто ја гледаме на црвениот тепих каде е во дизајнерска облека од глава до пети, а во ретки прилики кога паузира од снимање и гала настани, актерката оди на прошетка во сосема лежерна комбинација.

Хаек уживаше во прошетка со својата пријателка Миа Маестро без шминка и во удобна облека (популарниот loungewear).

Selma Hajek, Salma Hayek

Во очила со широки обрачи, Салма (55) изгледаше прилично шик, но и ненаметливо, во соодветни памучни беж панталони и пончо во комбинација со бела маичка со натпис, црна капа и црни чизми до глужд.

Изборните плетенки ја надополнија комбинацијата создадена за прошетка во парк со кафе за носење.

Selma Hajek, Salma Hayek

Нејзината колешка се одлучи за темно сини фармерки и кафено палто, кои ги носеше со патики со леопард принт, носејќи шапка во каубојски стил над нејзините темни прамени. Миа уживаше и во кафето, додека двете уживаа во прекрасниот ден со нивните француски булдог и златен ретривер.

Selma Hajek, Salma Hayek

Поради ваквиот стајлинг Салма ја доживуваме сосема поинаку, а она што ја прави препознатлива се високите потпетици и раскошните фустани.

Изгледот на Салма без шминка не е изненадувачки, бидејќи таа е поддржувач на „raw“ фотографии на социјалните мрежи. Тогаш до израз доаѓаат нејзините егзотични црти на лицето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma