Витаминот Б3, како и останатите витамини Б-комплекс, му помага на телото да ги претвори јаглехидратите во гликоза, које е неопходна за производство на енергија.
Овој витамин е познат и под називот ниацин (никотинска киселина).
Ниацинот му помага на телото при синтезата на поливите хормони и хормоните за стрес, ја подобрува циркулацијата, ги намалува воспаленијата и допринесува во здравјето на кожата, косата и ноктите.
Луѓето при исхраната воглавно внесуваат доволна количина на витамин Б3.
Сепак, доколку дојде до недостиг, се јавуваат симптоми како: умор, афти, отежнато варење, повраќање, лоша циркулација и депресија.
Главни причини за недостаток на овој витамин се неадекватната исхрана и алкохолизмот.
Зголемена доза на ниацин може да се користи за регулација на нивото на холестерол кај лица кои не поднесуваат статини.
Ниацинот може да го подигне нивото на ХДЛ (добар) холестерол и до 35 проценти, како и да го намали новото на триглицериди.
Исто така докажано е дека витаминот Б3 на природен начин го намалува крвниот притисок и го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.