Бритни има 40 милиони обожаватели кои се загрижени за нејзиното ментално здравје
Популарната пејачка не престанува да ги шокира фановите на социјалните мрежи, а овој пат објави дека се омажила за себе бидејќи, како што вели, и било досадно.
– Да, се омажив за себе. Ми беше досадно, го видов мојот вел и се прашував што да правам со него. Не грижете се, сè уште сум во брак со мојот сопруг – напиша поп ѕвездата во описот на една од објавите во венчаницата со емотикон веренички прстен.
Објавата може да ја погледнете ТУКА.
– Никогаш не ги носам моите фустани, а толку се прекрасни. Ова е велот на мојата прабаба… Изгледам како ангел – напиша таа.
Бритни има 40 милиони обожаватели кои се загрижени за нејзиното ментално здравје. Претходните денови ги шокираше луѓето кога објави гола фотографија од када.
„Брит, што се случува, дали си добро?“, „Ни треба потврда од доктор за нејзината психичка состојба“, „Ова е вознемирувачко“, „Најстрашното нешто што сум го видел во последните 10 години“, „Како хорор филм“, се само дел од коментарите на корисниците.