Фановите загрижени за Џесика Симпсон: „Изгледаш загрижувачки, дали си добро?“

popara21 март, 20221min00
dzesika-simpson-830x0

Пејачката, актерка и претприемач Џесика Симпсон ги загрижи фановите и јавноста поради фотографиите кои во последните денови често ги објавува на социјалните мрежи, а на кои може да се забележи дека значително ослабела.

„Што ти се случи“, „Слабееш“, „Изгледаш загрижувачки“, „О, не Џесика, дали си добро?“ имаше низа коментари под фотографијата што пејачката неодамна ја објави.

Фановите ја паметат Џесика како жена која гордо ги носеше своите облини. Иако осцилираше во килограмите, таа никогаш не ги симнала толку драстично.

По третата бременост имала 110 килограми, ја нарекувале со погрдни имиња и ја исмејувале, а во еден момент, по последната бременост пред две години, во емисијата со Елен се пожалила дека не може да оди поради вишокот килограми.

Нејзината разнишана психичка состојба ја довело и до проблем со алкохолот, а како што рекла во една прилика, не ни сфатила колку пие.

– Не бев ни свесна колку пијам. Мислев дека пиењето ме прави похрабра и имав поголема самодоверба, но се чинеше токму спротивното. Всушност, молчев поради алкохолот. Само молчев и бев асоцијална – рекла таа.

Впрочем, Џесика се посветила на здравиот живот и за рекордно време ослабела дури 50 килограми. Многумина веруваат дека таа претерала.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma