Тајната на добрата пица е во добриот тест и квалитетните состојки. И тука завршува секоја приказна за ова омилено јадење ширум Светот
Ви предлагаме да ја замесите познатата маргарита.
Состојки:
- 500 гр бело брашно
- две лажички сол
- кесичка сув квасец
- 320 мл млака вода
- лажица маслиново масло
- лажичка шеќер
За надев:
- 125 гр моцарела
- грст чери домати
- свеж босилек
- маслиново масло
- Сол, бибер
Подготовка:
Се замесува тесто од брашното, водата, солта, квасецот, маслото и шеќерот, се остава да нарасне на топло, па се топи и се става на плех за печење. Одозгора наредете рендана моцарела, исечкани чери домати и свеж босилек, прелијте со малку масло, посолете и ставете бибер по вкус, па печете во загреана рерна на 250 степени десет минути.