ФАНТАСТИЧНО УКРЕСЕНИ ЈАЈЦА! Пробајте ја ОВАА техника со ориз и нема да зажалите! (ВИДЕО)

popara15 април, 20221min00
554829_farbanje-jaja_f

Велигден е се поблиску и поблиску, а има толку многу техники за бојадисување јајца што мора да ги испробате

Доколку сакате да пробате поинаков начин на украсување оваа година, ви предлагаме да го направите со ориз. Се што ви треба се: ориз, течна боја за јајца, три пластични чаши и чинија.

Упатство:

Поделете го оризот во неколку чаши. Во секоја ставете неколку капки боја и измешајте. Потоа додадете го јајцето во саканата боја, покријте со друга чаша или чинија и протресете.

Можете да ги обоите во една боја или да измешате 2 или 3, за поинтересен дезен.

Совет: Пред да ги фарбате вака, избелете ги јајцата за полесно да се „фати“ бојата.