Фернандо Колунга се прослави со бројните улоги во мексиканските сапунски опери, кои на крајот му ја донесоа титулата женски „кршач на срца“.
Во својата актерска кариера има повеќе од 200 телевизиски и филмски улоги, а домашната публика најдобро го памети по улогата на Хозе Армандо Пењареал во култната серија „Есмералда“.
Од таа улога помина многу време, а денес познатиот заводник има 57 години и изгледа феноменално.
ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
Магазинот „Гламур“ две години по ред го прогласуваше за најатрактивен актер, а покрај тоа беше и еден од најплатените. Иако е еден од најпознатите актери, треба да се напомене дека е и еден од најпосакуваните ергени. Фернандо никогаш не се оженил, а речиси ништо не се знае за неговиот љубовен живот.