Актерката Хали Бери (56) ги воодушеви фановите на Инстаграм бидејќи објави провокативни фотографии во долна облека кои се направени во далечната 1999 година.
Споменатите парчиња облека биле дел од подготовката за улогата во филмот „Introducing Dorothy Dandridge“ од 1999 година.
Актерката отсекогаш го привлекувала вниманието со својот изглед, а сега докажа дека ништо не се сменило ни за 23 години.
„Неверојатно убава“, „Еден од моите омилени филмови, а ти си неверојатна актерка“, беа само дел од коментарите на нејзините следбеници на Инстаграм.
Таа е голем противник на естетските корекции, но затоа многу се грижи за исхраната.
Хали призна дека никогаш не пропушта кардио тренинзи и често практикува јога.
– Се чувствувам неколку сантиметри повисоко откако ќе направам некои јога пози. Јогата е одлична за управување со стресот, подобрување на циркулацијата, закрепнување, подобар сон и мобилност – заклучи таа.