
За жал, корона вирусот се уште е присутен, а Џејмс Блант сериозно ја сфати целата ситуација, како што стојат работите. Познатиот пејач настапи на фестивалот во Рочестер, а во еден момент стави и гас-маска и скокна во публиката.
Обожавателите веднаш ги зедоа телефоните во свои раце и ја снимија оваа необична ситуација.

Самиот Блант имаше свое видување на оваа ситуација.
– Безбедноста на прво место – напиша тој.