Французинките важат за жени со совршена КОЖА: Вака изгледа нивната нега во ЗИМА, не им треба козметичар

popara8 ноември, 20221min00
koza-ulje

Следете ги овие чекори за изедначен и негуван тен

На Французинките можеме да угледаме не само во однос на облекувањето, туку и во однос на негата на кожата, бидејќи е познато дека тие важат за едни од најубавите жени во светот, кои се трудат секогаш да изгледаат негувано.

Негата на кожата е исклучително важна во постудените денови кога и треба повеќе внимание.

Французинката Клои Перин истакна како ја одржува кожата хидрирана во текот на зимата.

– Во зима пијам двојно повеќе вода од вообичаено, бидејќи кожата ми станува значително посува кога надвор времето е студено.

Додека сум дома во опуштена состојба, одморам или читам, ставам маска на лицето за длабока хидратација, ова го правам два пати неделно.

Во текот на денот користам хидратантна крема како заштита, со малку побогата хидратантна моќ.

Обично не правам пилинг, не сум поддржувач на овој третман, бидејќи мислам дека носи повеќе штета отколку корист. Меѓутоа, во зима мојата кожа е многу посува и навистина има потреба од различни видови нега. Правам пилинг еднаш неделно, а потоа нанесувам високо хидртантна маска која ја држам на лицето 30 минути. Набавив и еден од оние навлажнувачи кои се одлична работа во зимските месеци.

Како вие ја негувате кожата во студените денови?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma