Таа ја носеше оваа фризура на нејзината свадба
Крис Еплтон долги години е фризер на многу познати дами, меѓу кои и Џенифер Лопез, кој одвреме-навреме зборува за трендовите кои ќе преовладуваат во новата сезона.
Така, овој пат откри кои фризури ќе бидат хит во летото 2022 година, но и кои се неговите тајни за стилизирање на косата на познатите личности и како секогаш успева да ја одржи нивната коса совршено негувана и бујна.
Како што вели Крис, ова лето најпопуларна е фен фризурата.
– Станува збор за убава, сјајна, свиленкаста коса која може да се добие во неколку едноставни чекори – започна тој.
Имено, клучна е добрата подготовка.
По нанесувањето средство за измазнување, направете разделување малку подалеку од средината за да создадте илузија на поголем волумен, а потоа започнете со „грубо сушење“ што ќе направи косата подобро да го впие производот. Потоа делови од косата испрскајте ги со лак и намотајте ги на витлер.
По 20 минути треба да се отстранат витлерите и косата ќе добие гламурозен волумен и неверојатен изглед.
„Испрскајте со лак на четката, а потоа испрскајте со спреј за сјај над него, наместо да го нанесувате директно на вашата коса“, препорачува тој.
Крис советува да ги четкате локните додека не добиете меки, мазни бранови, а потоа да го завршите изгледот со малку повеќе спреј за сјај, за вистински ефект.
Ништо помалку привлечна не е ни фризурата „коњско опавче“
Крис е познат и по популарниот изглед на „стаклена коса“ и фризурата со коњско опавче. Тој вели дека ова му е една од омилените фризури за црвениот тепих и ве советува да ја пробате на важни летни настани. Исто така, неговиот совет е опавчето да не биде право, туку со прекрасни бранови.