Многу фризери истакнуваат дека жените во години треба да ја скратат косата што е можно пократко. Професионалците се согласуваат во едно – фризурата подмладува
Не ви се потребни естетски корекции, доволно е да ја смените фризурата и ќе изгледате драстично помладо.
Косата над рамена е добар избор поради повеќе причини. Со неа пред се ќе изгледате позаводливо, а цртите на лицето ќе дојдат до израз. Пократката коса на вистински начин го истакнува лицето и дава младешки изглед. Советот на фризерите е секогаш да избирате слоевити фризури, бидејќи се многу полесни за одржување.
Боб или паж, освен што подмладува, тоа е и голем тренд за 2022 година, според стилистите. Со него ќе добиете женствен изглед, а најдоброто е што не треба да вложувате многу време во стилизирањето.
Исушете ја косата, додадете малку пена и за кратко време имате интересна фризура.
Што се однесува до бојата, најдобро е да се држите до средината. Платинестите нијанси, но ни оние премногу темните, нема најдобро да ви одговараат. Секогаш избирајте нешто поприродно.