Фризура која е потполен ХИТ, а совршено им прилега на жени во 40-тите години

popara2 мај, 20221min00
frizura-nega-kose-siske-kosa-830x0

Често се вели дека силата на жената е во косата, но и дека кога не знае што да смени, жената ја менува фризурата. Некогаш сакаме долга, друг пат кратка, со или без шишки, брановидна или исправена. На крајот на краиштата, веројатно би било премногу досадно да ја носиме истата фризура до крајот на животот, кога има толку многу избори.

Меѓутоа, со текот на годините, многу жени одбиваат да експериментираат, бидејќи веруваат дека некои фризури не се соодветни за нивната возраст.

За среќа, постојат познати личности кои покажуваат дека годините не треба да бидат пречка за одредени фризури или должина на коса. Секој може да носи што сака, а една посебна фризура е за жени кои имаат 40 и повеќе години.

Покрај тоа, на овој начин можете да ја обликувате косата со која било должина и да изгледате како Хајди Клум (48), Зои Дешанел (42) и Хали Бери (54).

Популарно наречена „пони фризура“, односно фризура со шишки, одлично им прилега на жените кои имаат над четириесет години.

Ако ви се чини дека правата фризура е премногу монотона, изберете ги таканаречените curtain bangs, кои лежат лево-десно над челото како завеса. Оваа варијанта е малку поразиграна и не толку прецизна, а е совршена за сите кои сакаат малку порелаксиран стил.

Како овие фризури ги носат споменатите ѕвезди, погледнете во галеријата подолу:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma