ФРИЗУРИ ПОРАДИ КОИ ИЗГЛЕДАТЕ ПОСЛАБО: Следете ги советите!

popara4 декември, 20221min00
676 (2)

Светските експерти активно ги следат променливите трендови и ги советуваат младите девојки и жени со која фризура најдобро да ја нагласат фигурата и да изгледаат послабо.

Фризурата и стилот на косата играат важна улога во обликувањето на лицето. Добро избраниот крој може совршено да ги нагласи тркалезните лица, без разлика дали имате навистина тркалезно лице или се борите со вишокот килограми, тој визуелно може да ве направи послаби.

Важно е да не бирате фризура која уште повеќе ќе го нагласи лицето. Крис Еплтон, фризер кој работел со Џенифер Лопез и Ким Кардашијан, советува како да ја носите фризурата.

– Патецот на средина прави линијата на косата да изгледа пополно, а вие да изгледате помладо бидејќи така јаболчниците се поистакнати.

Лоб (долг боб)

Совршената опција за лица кои сакаат да изгледаат послабо е секако моментално многу популарниот лоб, или долгиот боб. Должината од околу 8 до 10 сантиметри под нивото на брадата е совршена за вас. Ако барате дефиниција, одлучете се за разбушавена, слоевита опција наместо класично рамно шишање. Должината до брадата и над брадата е ризична за тркалезно лице и треба да се избегнува.

Долга, слоевита коса         

Стилот на слоевита фризура е совршен за девојки кои имаат долга коса и не сакаат да ја скратат. Долгата коса мора да се скрати слоевито поради димензијата, рамното шишање не се препорачува.

Погрижете се да создадете волумен на краевите, а не на средината на главата, бидејќи така ќе го проширите лицето.

Шишки на страна

Шишките на страна ќе одговараат на секоја должина на коса и тркалезно лице. Тие ќе му дадат мекост и рамнотежа на тркалезното лице, но внимавајте да не се премногу кратки бидејќи можете да постигнете спротивен ефект. Тие треба да бидат доволно долги барем да достигнат половина од должината на вашиот нос. Доколку сакате да ги истакнете очите со странични шишки, ова е вистинскиот избор за вас!

– Кадравата коса која е тргната од лицето ви дава затегнатост, бидејќи се гледаат јагодиците, а дополнително го „ослабува“ лицето – додава фризерка на социјалната мрежа „Тик Ток“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag