ФУСТАНОТ НА ШЕРОН СТОУН ГИ ВООДУШЕВИ СИТЕ! Фаталната актерка ја покажа својата романтична страна (ФОТО)

popara2 декември, 20221min00
443573_ona1_f

Актерката Шерон Стоун (64) ги засени сите присутни кога се појави во романтичен фустан на гала-проекцијата на филмот „What’s Love Got To Do With It?“.

Меѓународниот филмски фестивал се одржа во Џеда, Саудиска Арабија, а заносната русокоса избра интересна креација за настанот.

Шерон се појави во фустан со карнери и набори, а посебен детал е големата јака. За актерката многумина тврдат дека времето застанало, а сите можеме да се согласиме дека Шерон со годините изгледа се подобро.

За да го направи фустанот поефектен, актерката избра црни ракавици и машна.

Минатиот месец Шерон ги загрижи своите обожаватели кога откри дека има тумор.

– Двојна епидурална овој пат. Како што болката се влошуваше, отидов на второ мислење. Имам голем фиброиден тумор кој мора да се отстрани – изјави таа.