Фустанот на Џенифер Лопез е се што ни треба ова лето: Едноставноста како вечен тренд (ФОТО)

popara17 мај, 20221min00
c1075250d483a014e06bfaa2477176c1834ba5ec

Џенифер Лопез е една од најстилизираните холивудски личности

Таа докажува дека има вкус за мода, со завршување на дневните обврски или чекорење на црвениот тепих, со секое ново појавување.

Актерката и пејачка ги следи трендовите, но тие не ја „заслепуваат“, туку има префинет вкус и се води по тоа што и се допаѓа.

Пејачката е фотографирана како излегува од автомобилот во бел миди фустан. Фустанот има длабоко деколте обложено со цветна тантела која го опкружува и струкот, истакнувајќи ја нејзината витка фигура.

Фустанот кој зрачи со лето Џенифер го спои со големи авијатичарски очила, слоевити ѓердани и големи обетки. Во раката држи голема платнена чанта која годинава ги освои срцата на многу дами.

Кога станува збор за чевлите, Лопез го носеше својот омилен модел, сандали на платформа.

Па, доколку размислувате за следниот летен стајлинг, изгледот на Џенифер Лопез дефинитивно може да биде добар пример. Секогаш има простор за едноставност и класична мода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag