
Убавата Германка ја покажа совршената линија
На концертот на Елтон Џон во Лос Анџелес се појавија многу познати личности, а меѓу нив беше и Хајди Клум. Поранешниот топ модел, водителка, актерка, моден дизајнер и телевизиски продуцент дојде со својот сопруг, музичарот Том Каулика.
Познатата Германка се одлучи за темни тонови и малку попровокативен аутфит кој одлично ја истакна нејзината фигура.
Црниот комбинезон од тантела со проѕирни делови беше тотален хит. Сакото со идентичен дезен го комплетираше стајлингот. Темната шминка, испегланата коса и нокти во нежно розови тонови го дадоа завршниот печат на аутфитот.
И покрај тоа што има четири деца, Хајди изгледа неверојатно, а на нејзината фигура многумина би ѝ позавиделе.