Хајди Клум и оваа година се надмина себеси, еве зошто ја нарекуваат кралица на Ноќта на вештерките!

popara2 ноември, 20221min00
GettyImages-1397432164-1024x683

По две години пауза поради пандемијата, повторно се одржа легендарната забава за Ноќта на вештерките на познатата германска манекенка Хајди Клум, а со својот необичен костим Хајди покажа дека кралицата на Ноќта на вештерките се вратила.

Синоќа, 49-годишната Хајди се појави во костим на црв на забава по повод Ноќта на вештерките во Њујорк.

Нејзините костими секогаш се забележуваат затоа што се реални и убедливи, а токму таков беше и овој црв костум во комплет со закривена глава и долга опашка.

Со неа бил и нејзиниот сопруг Том Каулиќ како рибар со крваво око.

Телото на манекенката беше целосно покриено со маска, освен очите и устата. Костимот како црв е само еден од нејзините маестрални костими за Ноќта на вештерките.

Во галеријата погледнете како изгледала Хајди Клум за време на оваа и претходната Ноќ на вештерките.