Хејли Бибер е некој што ја обожава ретро модата и кој со својот пример, односно со комбинации на облека покажува како да ги носиме овие тешки парчиња кои не се лесни за вклопување.
Таа откри дека често троши многу енергија и време за да избере совршен стајлинг, а не е чудно што секоја комбинација предизвикува големо внимание.
Меѓутоа, на излегувањето со сопругот Џастин Бибер покажа дека изгледа совршено и во опуштено издание.
Двајцата се упатија кон црквата на вечерната миса, а за таа прилика Хејли облече светло зелен откопчан дуксер и малку широки тексас фармерки.
Таа стави кафеав појас, а од модни додатоци извади само црна кожна чанта. Она што сите го забележаа беа блокадните кожени чевли кои долго време се надвор од мода, но со тоа што Хејли ги носи, многу е можно тие да направат големо враќање и да станат главен тренд.
Џастин дојде во негов стил, облече кафеава плишана тренерка, дуксер во иста боја со бела маичка одоздола. За разлика од неговата сопруга, која внимава на секој детал, Џастин доаѓал во црква ни помалку, ни повеќе, туку со домашни влечки.