Манекенката Хејли Бибер го затвори „Месецот за подигање на свеста за менталното здравје“, споделувајќи како ја негува својата ментална и емоционална благосостојба.
Во видеото објавено на нејзиниот канал на Јутјуб, манекенката и основач на бренд за нега на кожа ја откри приказната за техниката за броење на дишењето за која тврди дека и помага да ги ублажи симптомите на анксиозност во најкус можен рок.
Нејзиниот метод вклучува три секунди вдишување, потоа издишување седум секунди и потоа повторување на овој процес.
„Навистина ми помогна кога се чувствував многу анксиозно“, вели Хејли.
Таа, исто така, редовно оди на терапија во последните четири години, велејќи дека, иако на почетокот имала одбранбен став кон тоа, терапијата ѝ станала неопходна:
– Тоа е простор во кој се чувствувам навистина безбедно да можам да зборувам за она што ми се случува во мислите, да ги кажувам работите гласно, да се чувствувам безбедно и да не ме осудуваат.
Таа работи со терапевт за да ја надмине својата тенденција да им угодува на луѓето и да се справи со негативните коментари што ги добива на социјалните мрежи.
– Сега се трудам да имам што поздрав однос со социјалните мрежи. Учам и се уште се развивам за да бидам ранлива и отворена, наместо постојано да се трудам да бидам затворена и прибрана – вели Хејли.
Бибер го направи видеото во партнерство со BetterHelp, онлајн платформа која обезбедува услуги за ментално здравје.