ХЕЈЛИ БИБЕР ЈА ПОКАЖА СЕСТРАТА! И таа е модел, а ЕВЕ како изгледа! (ФОТО)

popara7 јануари, 20221min00
Screenshot_9

Хејли Бибер има сестра која беше успешна во светот на манекенството, но во еден момент се повлече од очите на јавноста и се посвети на семејниот живот.

 

Алаја Болдвин веќе беше ѕвезда во подем во време кога Хејли не ни знаеше дека ќе биде модел, а на почетокот беше еден од заштитните знаци на брендот „Calvin Klein“.

 

Таа се појави на модните недели во Њујорк, Париз и Милано и ги красеше насловните страници на бројни модни списанија.

 

Исто така јавно проговори и за проблемите со ендометриозата, која ги погодува се повеќе жени.

 

Меѓутоа, Алаја во еден момент реши да го напушти тој гламурозен свет, а во 2017 година го кажа судбоносното „да“ на своето долгогодишно момче, продуцентот Ендрју Арон.

 

Три години подоцна, тие станаа родители на девојчето Ајрис Еле.

 

Поранешната манекенка денес изгледа сосема поинаку отколку кога била манекенка, а често поставува објави кои го поддржуваат вистинскиот изглед на женското тело – со целулит, стрии и сите несовршености.

 

Таа често објавува фотографии со Хејли, а нејзините обожаватели често шпекулираат дека нејзината сестра ѝ е љубоморна.

 

А шпекулациите за наводната љубомора на Хејли кон нејзината сестра датираат од времето кога таа се омажи. Широките маси тогаш порачаа дека Хејли не е баш среќна што нејзината сестра се мажи, што овие изјави ги „потврди“ со фотографија која се прошири низ странските медиуми.

Хејли подоцна јавно ги негираше овие тврдења, објаснувајќи дека само била под стрес.

 

– Кој не би бил среќен што сестра му се мажи Господе? рече таа во една прилика.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma