ХОЛАНДСКИ ПАЛАЧИНИ СО ЈАБОЛКА! Има ли подобар ПОЈАДОК?

popara15 февруари, 20221min00
528354_x3-holandske-561861994_f

Холандските палачинки се прилично слични на обичните традиционални француски палачинки и на нашите домашни, со таа разлика што во нив се ставаат повеќе јајца, повеќе путер и одат во рерна… Уживајте!

Состојки:

четири лажици путер

две или три јаболка

три четвртини шолја брашно

три четвртини шолја млеко

половина лажичка сол

четвртина лажичка прашок за пециво

лажица шеќер

четири јајца

малку цимет

Подготовка:

Во голема тава со метална рачка ставете го путерот, па ставете ја во рерна загреана на 200 степени. Во сад измешајте брашно, прашок за пециво, сол, шеќер, млеко и јајца. Извадете ја тавата од рерна, одозгора ставете ги исечените јаболка и прелијте ги со смесата за палачинки. Посипете со цимет и печете во рерна 20-25 минути. Превртете во чинија и послужете веднаш.

На здравје!