ХОРОСКОП ЗА 12-ТИ ДЕКЕМВРИ: Шкорпиите не ги држи место, а пред Јарците е сериозен конфликт со партнерот

popara12 декември, 20221min00
2f3750227893379ef5510e6230fccf8fcaf6ec1a

Овен

Вие не сте личност која сака големи промени. Според тоа, не уживате ниту во излегувањето. Ако копнеете да излезете од куќата, тоа е затоа што некој внатре во неа не ви е пријатен. Затоа, не бегајте од семејството, туку обидете се да ги подобрите семејните односи.

Бик

Ова може да биде ваш ден. Успешни сте и претприемнички расположени, ве турка позитивна енергија, па некои работи се средуваат сами од себе. Во налет на еуфорија, заборавате на оние луѓе кои ве бодреа кога беше најтешко. Спуштете се на земја.

Близнаци

Склони сте да претерувате. Сте се фокусирале на нешто што е сосема неважно. На удар е вашиот партнер, кому се обидувате да му ја покажете својата моќ. Вашата недопирливост нема крај, но доколку не застанете на време, следува вистинско фијаско.

Рак

Одите со глава низ ѕидот. Уморни сте од чекање и тапкање во место. Мислите дека ќе се смирите ако веднаш ги разрешите сите проблеми и сомнежи кои ве мачат веќе некое време. Не брзајте, бидејќи грешките што би ги направиле денес може да бидат непоправливи.

Лав

Се потпирате на ветувањата што ви ги даваат вашите пријатели. Чекањето за исполнување може да ве стави во позиција да им давате изговори на други луѓе, иако застојот не е заради вас. За да го избегнете ова, завршете ги должностите лично и сами.

Девица

Се прашувате дали патот по кој одите е вистинскиот. Потребата за промена не доаѓа поради незадоволство од работата, туку поради многу покомплицирани причини кои не можете сами да ги видите. Не барајте причини кај другите, преиспитајте се.

Вага

Се чувствувате како да сте блокирани, како да се спречени сите ваши обиди да решите нешто на дипломатски начин. Избегнувајте конфликти со авторитети и побарајте поддршка кај помладите колеги кои се сочувствителни кон вас во овој период.

Шкорпија

Не ве држи место, а имате премногу работа. Не сте во можност да одговорите на сите обврски, што може да предизвика целосен пад на енергијата и колапс. Прераспределете ги вашите капацитети и одложете се што може да чека поповолен момент.

Стрелец

Уживате во наклонетоста на влијателните луѓе. Сепак, не се опуштајте премногу бидејќи тоа се луѓе кои за возврат од вас очекуваат безгранична лојалност. Може да се случи некој од нив да ве принуди на потези кои би се компромитирале себеси.

Јарец

Безопасна ситуација со партнерот се заканува да се претвори во сериозен конфликт. Вашите очекувања и она што го добивате не се синхронизирани. Пред да ја искомплицирате вашата врска, размислете повторно дали проблемот е доволно голем за да направите драма од него.

Водолија

Се стремите кон слобода, подобро е да се воздржите бидејќи не е поволен период за бунт. Сè што се очекува од вас завршете го на дисциплиниран начин и на време, со тоа избегнувате напнати аспекти кои можат да ви го расипат расположението и да ги уништат денешните планови.

Риби

Принудени сте да чувате туѓи тајни, а тоа ви е тешко. Свесни сте дека решението за нечиј проблем е едноставно, но не сте во позиција да се мешате. Бидете трпеливи, бидејќи и да зборувате, никој не би ве сфатил сериозно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma