ОВЕН
Во вас сериозно расте тензијата бидејќи се соочувате со големи предизвици кои треба да ги решите. Добро функционирате под притисок, но во моментот кога ќе ги доведете работите до крај, ве следи забележителен пад на енергијата, што може да остави трага на вашето здравје.
БИК
Вниманието е насочено кон проблематичната ситуација која се случува во вашиот семеен круг. Кулминацијата ќе пристигне во текот на попладневните часови, бидејќи ќе се случат принудни промени, доколку дотогаш не ги спроведете доброволно.
БЛИЗНАЦИ
Чувствувате дека некој ви се заканува. Победата е можна со голема борба доколку сте доволно упорни. Многу луѓе во овој период ќе почувствуваат зголемена напнатост на работа, а сето тоа како резултат на некои промени кои се случуваат во компанијата во која сте вработени.
РАК
Транзитите ви носат шанса конечно на прифатлив начин да ги презентирате вашите идеи кои досега беа погрешно разбрани и да ја добиете поддршката од колегите од кои најмалку сте очекувале. Исто така, бидете внимателни во сообраќајот.
ЛАВ
Партнерот ве провоцира и искушува. Ако реагирате премногу брзо, нешто што сте сакале да го премолчите може да излезе во афект. Бидете одмерени за врската да не заврши со раскинување, особено ако криете нешто што вашата сакана не смее да го знае.
ДЕВИЦА
Пред вас е ден во кој ќе се борите помеѓу тоа да бидете покорни и да им угодувате на сите, и потребата да реагирате жестоко, поттикнато од критиките што би сакале да им ги дадете на другите. Резултатот од сето тоа е голем замор кој ќе ве совлада во текот на вечерта.
ВАГА
Принудени сте да поминувате часови околу луѓе кои не ви ја покажуваат почитта што мислите дека ја заслужувате. Игнорирањето на нив не е злонамерно, се работи за луѓе чии интереси немаат врска со вашите, па затоа не сте интересни да ве критикуваат.
ШКОРПИЈА
Ставате розови очила и си дозволувате да потонете во царството на имагинацијата и соништата. Погрешно ја толкувате љубезноста на една личност која ви испраќа знак на почит со своето добронамерно однесување и верувате дека тоа се љубовни сигнали.
СТРЕЛЕЦ
Вишокот слободно време ви дава простор да се запрашате дали патот по кој одите е вистинскиот. Потребата за промена не доаѓа поради реално лоша ситуација, туку се вклучени многу подлабоки механизми кои, во моментов, не можете да ги видите.
ЈАРЕЦ
На вашите проблеми им доаѓа крајот. Оној малку жар што ќе остане во вас по периодот зад вас ќе биде доволно да ве поттикне повторно. Искористете ја денешната пауза, темелно подгответе го теренот за периодот што претстои.
ВОДОЛИЈА
Можни се потези кои суштински ќе ви го променат професионалниот пат. Доколку размислувате за парични кредити, најдобро е да се откажете бидејќи по потпишувањето на договорот ќе ве чека непријатна клаузула која не сте ја забележале на време.
РИБА
Доколку сте на почеток на некој нов проект, овој ден може да ви донесе можност една фаза да ја доведете до крај. И покрај тоа што очекувавте многу и ја попречивте реализацијата со вашите преголеми амбиции, сега се согласувате на компромис и продолжувате понатаму.