ОВЕН
Има можност за дополнителна работа која во моментов не ви е потребна. Барате оправдување во финансиската компензација која не е доволна за напорот што треба да го вложите. Прифатете затоа што овој бизнис ќе се исплати на долг рок.
БИК
Не започнувајте нови бизниси. Поради недоволната концентрација, ќе правите грешки, што ќе предизвика во наредниот период да треба да го поправите тоа што сте го направиле. Искористете го денот за дружење со запоставените пријатели и семејството.
БЛИЗНАЦИ
Чувствувате дека некој се обидува да ви се закани. Победата е можна со голема борба доколку истраете. Во овој период, многу од вас ќе почувствуваат зголемена напнатост на работа, која е резултат на промените кои се на хоризонтот, над кои немате контрола.
РАК
Болестите кои ве мачеле во минатото повторно се враќаат. Чувајте го оптимизмот, не паничете непотребно. Нема потреба да налетувате на себе, промените на работа ќе вдахнат мал оптимизам. Внимавајте на исхраната, имунитетот не ви е на завидно ниво.
ЛАВ
Финансиската состојба се стабилизира. Можен е прилив на пари од извор кој не сте го очекувале. Доколку носите важна одлука, денот е поволен за тоа. Сепак, избегнувајте да започнете некој голем проект бидејќи може да ги прецените вашите капацитети.
ДЕВИЦА
Опкружени сте со многу луѓе. Вашата позитивност ги привлекува и оние луѓе чии мотиви не се целосно добронамерни. Не давајте приватни информации, особено ако се работи за нешто поврзано со вашиот љубовен живот. Една неочекувана средба може на дело да ви покаже колку е мал светот.
ВАГА
Прифатете ја поканата на пријател и излезете. Заборавете на работата и обврските, неколкучасовното дружење ќе ве натера да се одморите. Доколку немате партнер, тоа е идеален момент за ново познанство кое може да прерасне во интересна романса.
ШКОРПИЈА
Се чувствувате непријатно бидејќи во вашата околина доминира чудна атмосфера која доколку не реагирате се заканува да ви стане штетна. Ако не се вклучите на време и не ги расчистите можните недоразбирања, работите можат да станат непоправливо комплицирани.
СТРЕЛЕЦ
За да го постигнете она што го сакате, потребно е да побарате помош од личност која статусно е далеку над вас. Таа личност ја познавате одамна, но дури денес има прилика да направите конкретен чекор и да го побарате она што одамна го посакувате.
ЈАРЕЦ
Ви се отвораат убави деловни можности. Следат преговори за можна соработка со странски земји, но и шанса за долго патување каде ќе ги усовршите деловните вештини. Не дозволувајте вашата моментална мрзеливост да ја уништи оваа можност.
ВОДОЛИЈА
Време е за мала пауза, но не дозволувајте премногу да се опуштите. Искористете го денот за расчистување на вашите заостанати работи. Покрај тоа, идеален момент е да ги обновите старите контакти со пријателите кои сте ги запоставиле во изминатиот период.
РИБА
Можете да играте значајна улога во олеснувањето на непремостливиот јаз меѓу членовите на вашето семејство. Ова значително би го подобрило вашето расположение и би ја вратило разнишаната самодоверба, која можеби тајно ве мачела во минатото.