ХОРОСКОП ЗА 27-МИ ФЕВРУАРИ: Вагите ги провоцира партнерот, а Рибите го сакаат „забранетото овошје“

popara27 февруари, 20221min00
cca7ea04cc62b4f74a454f7a8553cf87b681c37b

Овен

Вашата преосетливост, денес, доаѓа до израз. Вие сте оптоварени со туѓи мислења додека, во исто време, работите по своја дискреција. Крајно време е да одлучите, или ќе играте како што играат другите, или ќе замижувате пред тоа што го зборуваат другите.

Бик

Доколку на било кој начин сте вклучени во трговијата, денот ќе ви биде стресен. Иако сте во искушение конечно да завршите некои заостанати работи, одолејте на искушението и одложите сè за некое време, бидејќи сè што ќе направите денес, ќе го направите повторно.

Близнаци

Пред да се обидете да ги промените другите луѓе, почнете од себе. Недоразбирањата ги решавате така што ќе се трудите да бидете љубезни со сите што имаат какви било барања од вас. Заборавате дека задоволувањето на пошироката околина никогаш не е наградно.

Рак

Ситуацијата на работа се менува, но вие останувате настрана. За вас тоа е поттик да ве обземат стравови и да се прашувате дали сте направиле нешто погрешно. Не грижете се, тоа што никој не ве прозива не е лош знак, напротив. Добро ви е што никому не му пречите во моментов.

Лав

Направивте избрзани потези, па се најдовте во навидум безизлезна ситуација. Блефирањето не успеа, па имате непријатен разговор со претпоставениот. За да ги ублажите последиците, преземете ја одговорноста доброволно и решете го проблемот.

Девица

Лошите односи во вашата работна средина стануваат неподносливи, па немате друг избор освен да размислувате за заминување. Ситуацијата не е поволна и свесни сте дека со заминувањето би ја искомплицирале и онака незавидната финансиска состојба.

Вага

Партнерот ве провоцира и искушува. Ако реагирате премногу енергично, нешто за што сакавте да молчите може да излезе од афект. Бидете одмерени за врската да не заврши со раскинување, особено ако криете нешто што вашата сакана не треба да го открие.

Шкорпија

Ако се грижите да ги покажете сите свои потенцијали, најдете луѓе кои ќе ви помогнат во тоа. Не трошете време да се расправате со неважни луѓе, бидејќи на тој начин ја губите само енергијата што ќе ви треба кога не ја очекувате.

Стрелец

Реагирајте смирено, склони сте на непромислени постапки кои ги комплицираат односите. Не го наметнувајте својот став, бидејќи вашето мислење нема да биде слушнато. Во исто време, не коментирајте за луѓе кои не се присутни за да не се извините подоцна.

Јарец

Време е меланхолијата да се замени со конструктивна акција. Направете долгорочен детален план кој целосно ќе ги заврши сите заостанати работи кои ве фрустрираат денес. Околината ве поддржува, иако не им е лесно да ве разберат.

Водолија

Поволен ден да му претставите на семејството се што ви е блиску. Имате шанса да имате конструктивен разговор од кој ќе дознаете детали за кои не сте сонувале. Ова се работи кои беа толку очигледни, но сеуште не сте ги сфатиле.

Риба

Ве привлекува личност со која љубовната врска е невозможна. Страсното расположение го претворате во креативност, која ве исполнува со драгоцена енергија. Големата мотивација ве инспирира за одлични деловни потези кои ќе ви донесат чувство на вистинско задоволство.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma