ХОРОСКОП ЗА 9-ТИ СЕПТЕМВРИ: Девиците во финансиски проблеми, а Шкорпиите блокирани

popara9 септември, 20221min00
70782a6237fc814544200020ea9a35dd27cad1a3

ОВЕН

Навидум мирен ден може да се претвори во фијаско, особено ако се обидете да импровизирате нешто што не треба да го правите. Моќта на справување во новите ситуации е одраз на паметните луѓе, но не е крај на светот дури и ако понекогаш се откажувате.

БИК

Окупирани сте со грижи кои сте ги смислиле и ги решавате проблемите кои допрва би можеле да се случат. Вашата деконцентрација и однесување на работа може да ве чини многу, па затоа е подобро да се разбудите на време и да ја одделите реалноста од фантазијата.

БЛИЗНАЦИ

Од една страна имате луѓе над вас, а од друга страна оние кои се под вас и го чекаат вашиот потег, од кој зависи нивната судбина. За да им угодите на сите, треба правично да ги одмерите работите. Бидете одлучни, вашето чувство за правда ќе надвладее.

РАК

Премногу им давате важност на луѓето кои ве осудуваат само поради сопствената досада. Вашата љубовна врска е само ваша, за неа не треба да се грижи околината. Ако го игнорирате она што го кажуваат другите, ќе сфатите дека на вашата љубовна врска ништо не ѝ недостасува.

ЛАВ

Преокупирани со партнерски односи и дилема за некаква инвестиција. Од вас се очекува да се прилагодите и вашата реакција е потребата да избегате. Совет е да истраете во се, бидејќи добивката што можете да ја постигнете не е занемарлива.

ДЕВИЦА

Преокупирани сте со финансиски грижи. Многу работи не зависат од вас, па не е паметно да се оптоварувате со работи кои немате моќ да ги решите. Бидете трпеливи, конкретна помош доаѓа од близок пријател кој најверојатно е во странство.

ВАГА

Одите со глава низ ѕидот. Уморни сте од чекање и тапкање во место. Мислите дека ќе се смирите ако веднаш ги разрешите сите проблеми и сомнежи кои ве мачат веќе некое време. Не брзајте, бидејќи грешките што би ги направиле денес може да бидат непоправливи.

ШКОРПИЈА

Се чувствувате како да сте блокирани, како да се спречени сите ваши обиди да решите нешто на дипломатски начин. Избегнувајте конфликти со властите и побарајте поддршка кај помладите колеги кои се сочувствителни кон вас во овој период.

СТРЕЛЕЦ

Некои семејни обврски не ги исполнивте навреме, па дојде моментот кога нема повеќе одложување. Наместо да се лутите на себе што си го дозволивте тоа, веднаш фатете се за работа, а анализата на ситуацијата оставете ја за друг ден.

ЈАРЕЦ

За секој денар треба да се работи напорно. Потпрете се единствено на своите способности, труд, труд и жртви, само така ќе постигнете задоволителен успех. Ќе си заминат и сите пари што ќе ви дојдат на побрз и полесен начин.

ВОДОЛИЈА

Вашиот авторитет е на преден план. Иако уживате кога ви се верува и ви се бара мислење, има денови кога едноставно не ви се допаѓа. Сега е таков момент. Итно ви треба пауза. Не двоумете се, почестете се со мало задоволство и подолга пауза.

РИБА

Денот го започнувате полни со енергија. Невообичаено сте креативни и самодовербата се заканува да се претвори во ароганција. Контролирајте ја вашата еуфорија бидејќи кога ќе се одлучи нешто важно, ќе ви треба мислење од луѓе кои не ги почитувате сега.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma