Мафините полнети со домашен крем од ванила се подготвуваат многу лесно!
Состојки:
За тестото
1 јајце
100 гр шеќер
100 мл млеко
200 гр брашно
12 g сода бикарбона
кора од еден лимон
За филот
180 мл млеко
1 жолчка од јајце
3 лажици шеќер
1 лажица пченкарен скроб
2 лажици маскарпоне сирење
лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
За филот: Во тенџере истурете млеко, екстракт од ванила, шеќер, пченкарен скроб и жолчки. Сè измешајте со рачен миксер, па загрејте на умерен оган додека не се згусне. Се трга од оган, па се додава сирењето маскарпоне и се убаво се соединува. Оставете да се излади, а потоа префрлете го филот во шприц.
За тестото: Во сад ставете го целото јајце, шеќерот, млекото и маслото и сè убаво измешајте. Изрендајте ја кората од лимон, додајте ги брашното и сода бикарбоната и сè лесно измешајте со рачна маталка.
Калапот за мафини премачкајте го со корпи за печење, па наполнете ги со една лажица смеса од тестото, па со филот, а одозгора со уште тесто. Се пече во рерна на 200 C околу 20 минути. По желба, пред послужување посипете ги со шеќер во прав.