По „Сам дома“, Кристин глумеше во серијата „Ургентен центар“ во 1995 година.
Актерката Кристин Минтер (56) ја играше најстарата сестра на Кевин Мекалистер, Хедер во филмот кој беше, и сѐ уште е многу популарен- „Сам дома “ пред 31 година.
Кристин, која имаше 25 години кога излезе филмот, после тоа стана многу позната актерка, а улогите кои ја одбележаа нејзината актерска кариера се од филмовите „Ова сме ние“ и „Реј Донован“.
Откако помина 31 година, актерката многу се промени и сега изгледа непрепознатливо.
Во едно од нејзините интервјуа, Кристин зборуваше за времето кога го снимаа „Сам дома“ и рече дека се зближила со Меколеј (кој го глумеше Кевин).
– Меколеј тогаш имаше само десет години и беше врвен професионалец и покрај неговата возраст. Замислете каков притисок имал Меколеј како десетгодишник – Тој го претставува целиот филм. Самиот си зборува на половина од филмот. Можам да разберам зошто се оддалечи од центарот на вниманието. Мислам дека беше под голем притисок.
По „Сам дома“, Кристин глумеше во серијата „Ургентен центар“ во 1995 година, каде што го играше ликот на Миранда „Ранди“ Фрончак.
– Беше толку неверојатно стресно на снимањето, стресот беше моето секојдневие. Имаше моменти кога буквално седев во соблекувалната и плачев, надевајќи се дека нема да се збркам – изјави таа во една прилика.