Цел свет во СОЛЗИ поради само еден збор што ќерката на Брус Вилис му го испрати на својот болен татко! (ФОТО)

popara23 април, 20221min00
profimedia-0153320220

Целата љубов кон родителот ја собра во еден збор

Брус Вилис го напушти актерството откако лекарите му дијагностицираа афазија, а сега неговата ќерка го расплака целиот свет.

Холивудскиот актер Брус Вилис (67) донесе одлука да се „пензионира“ кога станува збор за актерството, а само малку подоцна откако му беше дијагностицирана афазија, пореметување кое активно влијае на неговите когнитивни способности. Актерот секојдневно добиваше поддршка од семејството, но и од своите верни фанови, особено откако оваа тажна информација беше објавена во јавноста.

Неговата најстара ќерка Румер Вилис (33) повторно ги разнежни сите со објавата на Инстаграм.

Според пишувањата на медиумите, јавноста била шокирана откако семејството ја објавило информацијата дека Вилис се повлекува од актерството, откако лекарите му дијагностицирале афазија, а да потсетиме дека актерот беше фатен во 2015 година како користи слушалки во увото за време на снимањето, и тоа за време на неговото деби на Бродвеј во „Misery“.

Минатиот месец семејството објави дека на актерот му била дијагностицирана афазија, поради што и тој решил да се повлече од актерството.

– На неверојатните обожаватели на Брус и оние кои го поддржуваат, сакавме како семејство да споделиме дека нашиот сакан Брус има некои здравствени проблеми и дека неодамна му беше дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на ова и со многу размислување, Брус одлучи да се пензионира и да ја остави кариерата што толку многу му значеше зад себе. Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата љубов, сочувство и поддршка. Низ ова поминуваме како силна семејна заедница и сето тоа сакавме да им го откриеме на неговите фанови бидејќи знаеме колку тој ви значи, како што вие му значите.

Со љубов, Ема, Деми, Румер, Скаут, Талула, Мејбел и Евелин – стои во објавата на ќерката на Брус, Румер на Инстаграм.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma