ЦИНКОТ НЕ ДЕЛУВА АКО СЕ ПИЕ НАВЕЧЕР: Во кое време треба да се земаат одредени суплементи за да имаат најдобар ефект

popara8 октомври, 20221min00
suplementi

За витамините и минералите што ги земате да го зајакнат вашиот имунитет и да го подобрат вашето здравје навистина да функционираат, важно е да ги земате во вистинско време од денот, бидејќи тогаш нивната апсорпција е најдобра.

Исто така, докажано е дека некои делуваат подобро на празен стомак, додека други се земаат исклучиво со храна, а некои комбинации на витамини и минерали може да ја забават апсорпцијата, додека други им дозволуваат да работат правилно во организмот.

Лекарите напоменуваат дека суплементите не треба да ги земате самоиницијативно, туку во консултација со стручно лице и по анализи кои укажуваат на нивниот недостаток.

Витамини кои се земаат наутро

Витаминот Б12 најдобро се зема на празен стомак со витамин Б1 и бакар. Витаминот Б12 го стимулира производството на енергија и затоа треба да се зема наутро на празен стомак. Покрај тоа, утрото е најдобро време за земање витамин Ц, кој може да се зема со витамините Б12, Е и А. Додатокот на железо се зема наутро, но со храна, за да не му биде тешко на стомакот, но важно е да не се зема во комбинација со цинк, витамин Е, манган или калциум.

Попладне

Во тоа време, витамините мора да се земаат со храна. Се препорачува по јадењето да земате цинк, по можност во комбинација со витамините А, Ц и Б12. Ако земате цинк, избегнувајте да земате железо, бакар и витамин Б9. Витаминот А исто така мора да се зема напладне.

Вечерни витамини

Витаминот Д треба да се зема со храна, за време или по вечерата, по можност во комбинација со калциум, кој ја зголемува неговата апсорпција. Покрај тоа, добра комбинација е витамин Д и рибино масло.

Пред спиење

За да го подобрите варењето, земајте пробиотици околу два часа по вечерата. Пред спиење е идеално време за земање магнезиум. Можете да го земате со калциум и витамин Б6.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag