Ако сакате да носите црвено од глава до пети, направете го тоа токму вака!
Кога станува збор за црвено, на многумина им е тешко да се одлучат за тоа дури и за едно парче облека или детал, но шпанската кралица Летиција често и со задоволство носи црвено од глава до пети!
Сопругата на шпанскиот крал Фелипе Шести најдобро изгледа во нијансите на оваа боја, а вчера уште еднаш реши да остави впечаток во црвено.
Кралската двојка ги пречека претседателот на Костарика Карлос Алварадо Кесада и неговата сопруга Клаудија во палатата Зарзуел во Мадрид. Кралицата Летиција беше многу срдечна и се посвети на разговорот со првата дама на оваа централноамериканска земја, а за таа прилика повторно побара облека во старите гардероби на нејзината свекрва и поранешна кралица Софија.
Сопругата на шпанскиот крал носеше винтиџ блуза со затворена јака и кратки ракави, која претходно ја носеше Софија, а колку и се допаѓа ова парче покажува и фактот што го носеше на едно доделувањена модни награди за 2018 година.
Ова удобно пролетно парче го искомбинира со длабоко миди здолниште, мошне привлечно плисирано парче со нееднакви краеви, а сето тоа го зачини со необични салонки од превртена кожа – секако, во цревна нијанса!
Иако обично носи малку попристоен накит, овој пат Летиција носеше висечки дијамантски обетки со рубини, потпишани од шпанскиот бренд Aldao Joyeros.
Сопругата на Фелипе Шести, позната и како кралица на модното рециклирање бидејќи сака да повторува стари комбинации и да носи стара облека на сосема свеж начин, во последно време често избира облека што сме ја виделе на нејзината свекрва. Така неодамна на концерт на класична музика ги воодушеви сите со блескавото црно здолниште на Софија, а малку пред тоа ја повтори и старата комбинација која свекрвата ја носеше во седумдесетите.