Трендовите за пролет ни се нашироко претставени, а љубителите на модата веќе во својот гардеробер ги вклучија најпопуларните парчиња облека што треба да се носат оваа сезона.
Меѓу најпопуларните парчиња облека оваа сезона беа здолништата, и оние во црвена боја. Познато е дека здолништата одлично ја отсликуваат женската силуета, особено оние до колена и со длабок струк. Дури и да се одлучите за онаа во црвено, ќе си го подобрите расположението, а верувајте и на другите.
Специјално за вас избравме четири модели на кои вреди да се обрне внимание.
1. Плисирано здолниште
Плисирано здолниште е женствено, модерно и многу удобно. Може да се носи во различни комбинации, во зависност од моделот и материјалот.
2. Црвена и розова
Оваа комбинација на бои порано беше „моден криминал“ и се сметаше дека ја носат само луѓе кои немаат вкус. Меѓутоа, како што се менува времето, а со тоа и модата, се поочигледно е дека розовата и црвената боја одлично се комбинираат.
3. „Разбивање“ на монотонијата
Доколку сте личност која не сака многу да експериментира со боите и преферира еднобојни комбинации, тогаш црвеното здолниште е идеален начин да додадете малку разиграност во вашиот стајлинг.
4. Во црвено од глава до пети
Ваквиот потфат може да изгледа едноставно однадвор, но всушност е неопходно многу добро да се познаваат текстурите на материјалот. Меѓутоа, кога се убаво ќе се вклопи, сигурно е дека ќе привлечете внимание каде и да се појавите.