ЦРВЕНО И СВЕТКИ: 6 аутфити во кои блесна Мајли Сајрус на дочекот на Новата година

popara2 јануари, 20221min00
Miley-Cyrus

Логичното и несомнено забавно пријателство помеѓу Мајли Сајрус и Пит Дејвидсон резултираше и со соработка: новогодишно шоу во кое, покрај Мајли и Пит, настапија и Saweetie, Ноа Сајрус и многу други. Се слушаше кавер на песната „Мајами“ на Вил Смит во изведба на Мајли и Пит, како и хитовите на Мајли, а не недостигаа и одлични модни комбинации.

Miley Cyrus

Pete Davidson i Miley Cyrus

Во скечот со Пит носеше зелен фустан со светки што открива кожа и бројни тетоважи, додека за настапот избра нешто повеќе во стилот на ‘Hannah Montanа’ – градник Dolce & Gabbana, мини здолниште и платформи покриени со светки кои ги носеше во комбинација со шарена јакна од пердуви.

Miley Cyrus

Додека настапувала во сребрено здолниште и горен дел, Мајли доживеала „wardrobe malfunction“: горниот дел се одврзал и таа за малку ќе останела топлес на сцената. Но, пејачката брзо се опорави, ѝ го сврте грбот на публиката и накратко исчезна за да се врати во црвен блејзер на Сен Лоран и на шега искоментира: „Ова е сепак најмногу облека што сум носела на сцената“.

Miley Cyrus

Сребрениот комбинезон со реси и црвениот фустан на Гучи за гламурозен влез во 2022 година изгледаа фантастично на сцената. Освен потешкотии со облеката, искусија и технички потешкотии, па ја заклучија вечерта со мисла која се однесува не само на шоуто, туку и годината пред нас: „Вечерашното шоу покажа флексибилност, снаодливост во непредвидени ситуации и создавање на најдоброто дури и во најлошите околности“.

Miley Cyrus u srebrnom kombinezonu s resicama

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma