Американската водителка Гејл Кинг (67) прослави 10 години како водителка во емисијата „CBS Mornings“ облечена во истиот фустан во кој почна да ја води емисијата.
Гејл дебитираше во шоуто на 9 јануари 2012 година и носеше жолто-бел фустан на нејзиниот прв ден. Оттогаш, секоја година на годишнината од почетокот на работата на таа емисија го вади од плакарот и повторно го носи, а истото го направи и оваа година.
И покрај тоа што поминаа 10 години откако го купи, нејзиниот фустан и понатаму изгледа одлично. Самата водителка призна дека не е сигурна дали сепак може да влезе во фустанот. Таа се пошегува дека не може да дише во него, но дека е среќна што сè уште го има.
2012 ➡️ 2022
Celebrating 10 years of @CBSMornings @GayleKing and her iconic yellow dress!💛#10yearchallenge pic.twitter.com/58HXqIvRak
— CBS (@CBS) January 10, 2022
Познатата ТВ водителка Опра Винфри (67) и ја честиташе годишнината на Твитер.
„Среќна 10-годишнина на мојата најдобра пријателка Гејл Кинг, која е на фотелјата на нејзиниот живот“, напиша Опра.
Инаку, Опра и Гејл се пријателки повеќе од четири децении, а со години се зборува дека се во наводна врска. Опра е во врска со бизнисменот Стедман Греам од 1986 година (70). Парот никогаш не бил во брак, а многумина се прашуваат зошто.
Happy 10 years to my bestie @GayleKing, who's in the seat of her life! https://t.co/acpHSDk7qH
— Oprah Winfrey (@Oprah) January 10, 2022
Самата Опра во една прилика одговори на шпекулациите за нејзината хомосексуална афера.
„Во нашата култура не постои дефиниција за таква блискост меѓу две жени, така што ми е јасно дека луѓето сакаат да стават одредена етикета на нашата врска, бидејќи како може некој да биде толку близок без да биде во сексуална врска. Дали навистина мислите дека би ми било срам да признаам дека сум геј? Ајде, ве молам“, остро одговори Опра.