1. Можете да направите 20 исчекорувања напред
Ако сте во можност да направите 20 правилни скокови без да ја изгубите рамнотежата, тогаш сте во добра форма. Ланџот, или чекорот напред е одлична вежба за зајакнување и градење на мускулите на нозете и задникот. Ако сакате дополнително да се предизвикувате, вклучете странични удари во вежбата и држете тегови во рацете за дополнителна тежина.
2. Имате низок пулс
Ако сте редовно физички активни, срцето ви чука побрзо за време на вежбањето, а нискиот пулс додека одмарате обично е знак дека сте во добра форма. Нормалниот опсег на отчукувањата на срцето е помеѓу 50 и 100 во минута, иако кај повеќето луѓе пулсот во мирување е помеѓу 60 и 80 во минута. Додека невообичаено нискиот пулс кај неактивна личност може да биде јасен показател за лоша состојба на срцето, кај повеќето спортисти тоа е знак дека се во добра форма. Можете да го измерите нивото на вашата кондиција проверувајќи колку време му е потребно на вашето срце да се врати на својата нормална стапка од моментот кога сте завршиле со вежбање. Колку сте физички поподготвени, толку побрзо ќе закрепнете.
3. Добро спиете
Добриот сон е показател дали сте во форма или не. Истражувањата покажаа дека вежбањето може да го зајакне деноноќниот ритам и да им помогне на сите кои се борат со несоница. Ако имате проблеми со квалитетот на сонот и не сте редовно активни, обидете се да вклучите некои умерени активности како брзо одење во вашата дневна рутина. Ако сте во форма, гарантирано ќе спиете добро.
4. Лесно можете да допрете до прстите на нозете
Ако сакате да тестирате колку сте физички подготвени, обидете се да ги допрете прстите на нозете или да ги испреплетувате рацете околу телото. Доколку вашите мускули се навистина затегнати и не можете да ја правите оваа вежба, време е да се активирате и да побарате студио за јога.