Четири ТРИКОВИ кои ќе ви помогнат брзо да ги излупите ВАРЕНИТЕ ЈАЈЦА: Заштедете време!

popara12 ноември, 20221min00
76a02aea76a60f133c2b08ba0f9896cd27d6bd2a

Малкумина знаат како успешно и без многу труд да ја отстранат лушпата од варените јајца без да направат дупки на белката. Ви пренесуваме 4 едноставни трикови како за појадок да послужите совршено обликувани варени јајца, без „аматерски“ дупчиња во белката и парчиња од лушпата кои не успеале да се одлепат.

Видот на јајца менува многу

Домашните јајца имаат потврда лушпа, па затоа се препорачуваат јајца од кокошки одгледани на фарма. Не мора да бидат свежи, подобро е да се стари неколку дена. Иако се верува дека варените јајца треба да бидат на собна температура, за да не пука лушпата при готвењето, готвачите тврдат дека може да се користат и јајца директно од фрижидерот.

Гответе во врела вода

Јајцата треба нежно да се спуштат во веќе зовриената вода, па температурата малку да се намали.

Поставете го тајмерот

Задолжително користете тајмер за да не ги преварите јајцата – мерењето започнува кога ќе ги ставите јајцата во топла вода. Меко варени јајца со жолчки и тврда белка трае седум минути, а за тврдо варени 10 минути.

Користете ладна вода

Откако ќе се сварат јајцата, веднаш треба да се префрлат во ладна вода. Најдобро е да подготвите сад со ладна вода и мраз, а во него да ставите варени јајца. По три до четири минути може да започне лупењето на варените јајца. Најдобро би било да ги скршите одозгора и да ги излупите под млаз млака вода за полесно да се одлепат лушпите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma