Бањата е полна со бактерии, маснотии и нечистотија, па затоа треба редовно да се чисти
Еден од омилените рецепти во секој дом за чистење на туш кабината, кадата и мијалникот е дефинитивно мешавина од сода бикарбона и лимон или барем оцет.
Меѓутоа, во некои случаи, дури и овие волшебни мешавини не даваат резултати и сите со задоволство би ги избегнале „тешките“ хемикалии доколку е можно. Како ефикасно и брзо да заблеска санитарната опрема и да се отстранат бактериите?
Масло
Многу домаќинки користат и обично сончогледово масло за врата – го истураат во шише со распрскувач и добро ја прскаат вратата од тушот, потоа оставаат да делува петнаесетина минути, а потоа го бришат и го собираат вишокот маснотии со стара крпа. .
Оцет + детергент
Едно од подобрите решенија е мешавина од детергент за миење садови и оцет, а предноста на оваа течност е што ја чисти вратата од кабината и самиот долен дел.
Загрејте го оцетот колку да остане топол, а не да врие, па измешајте го со еднаква количина детергент, истурете го во шише со распрскувач и добро протресете. Откако ќе ја испрскате извалканата површина, оставете ја да отстои десетина минути, а потоа избришете ја со сунѓерче или четка. Оваа смеса може да се користи и за чистење на мијалници, плочки во кујната или бањата или на која било површина каде нечистотијата е „упорна“.